| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ги забранува правосмукалките помоќни од 1.600 вати

смукалка

Европската унија од 1 септември ќе забрани употреба на правосмукалки чии мотори имаат моќност поголема од 1.600 вати.

Целта на оваа забрана е за да се зголеми еколошката ефикасност.

Како што пренесува „Дејли меил“, оваа одлука ги разлутила производителите. Тие сметаат дека нема да бидат енергетски ефикасни, туку спортивно на тоа, ќе бидат неефикасни во чистењето. Со тоа се сложуваат и останатите критичари и додаваат дека така подолго време ќе треба да чистење, а на тој начин ќе се троши повеќе енергија.

Со тоа ЕУ за првпат обврзува правосмукалките да имаат енергетски налепници со категории за енергетска ефикасност од А до Г категорија.
Налепниците ќе го покажуваат нивото на потрошувачка на енергија, квалитетот на вшмукување и испуштање на прашина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top