| четврток, 6 декември 2018 |

Жена ја удрило струја од правосмукалка додека чистела по дома

pravosmukalka zena

41-годишна гостиварчанка се здобила со изгореници на рацете и на телото откако доживеала струен удар од електрична правосмукалка.

За среќа, жената се наоѓа надвор од животна опасност, но, поради сигурност, е префрлена на лекување на скопските клиники.

Како што информираат од МВР, жената ја вклучила правосмукалката во својот дом при што, од засега непознати причини, претрпела струен удар и паднала во бессознание.

Била реанимирана во гостиварската болница, а поради повредите и изгорениците, попладнево била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top