| четврток, 6 декември 2018 |

Добра или лоша вест? Правосмукалките се штетни по здравјето на човекот!

Нови истражувањата покажале дека некои правосмукалки може да направат повеќе штета отколку корист, бидејќи прашината и бактериите ги враќаат назад во воздухот и така шират зарази и предизвикуваат алергии.

usisavanje-usisivac-foto-profimedia-1427624395-630271

Австралиските истражувачки испитале 21 правосмукалка од 11 производители и два комерцијални модели. Правосмукалките биле стари од шест месеци до 22 години и чинеле меѓу 80 и 600 евра. Биле мерени 62 различни емисии во воздухот. Сите испуштале некои бактерии, прашина и алергени во воздухот.

Правосмукалките со филтри ХЕПА испуштале помалку прашина од оние кои немаат специјални филтри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top