| четврток, 6 декември 2018 |

Охридската полиција потврди – едно лице е уапсено, по уште едно се трага

ohrid 2

Охридската полиција излезе со информација за синоќешното убиство во Охрид. Според нив едно лице е приведено а едно е во бегство по синоќа извршеното кривично дело „Убиство“ во Охрид.

-Синоќа околу 23 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот. Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт.  СВР Охрид синоќа од слобода го лиши Р.С. (30) од Охрид кој заедно со можниот сторител бил во угостителскиот објект „Император“.  На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител  како и полициски екипи – велат од СВР Охрид, од каде посочуваат дека се презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство“ по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top