| четврток, 6 декември 2018 |

Втор германски авион со помош за Северен Ирак

avion pomosГерманската армија (Бундесверот) денеска испрати уште една пратка со хуманитарна помош за Северен Ирак, истакна претставник на воено воздухопловните сили во Лајпциг.

Авионот Ан-124 „Руслан“ полетал од аеродромот Хале-Лајпциг со 60 тони храна и 8,5 тони лекови.

Првата пратка со осум тони хуманитарна помош за Ирак од Германија беше испратена на 15 август. Во Ирак таа е преземена од претставници на организациите на ОН, кои ја распределуваат меѓу населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top