Синоќа во Лига на Европа беа одиграни првите натпревари од последното квалификациско коло пред групната фаза.
Македонските интернационалци што играат во тимовите кои вчера настапија одиграа одлични натпревари.
Крсте Велковски беше асистент на двата гола за својот тим Сараево кој се играше во престолината на БИХ против реномираниот противник Борусија Менхенгладбах, но не беше доволно во поразот од 2-3.
Гостите од Германија двапати водеа, но Сараево одлично парираше и на два наврати успеваше да резултатски да се врати. Третиот гол за Борусија беше доволен за победа на тешкото гостување на Кошево.
Тимот на Адис Јаховиќ Риека минимално но потполно заслужено славеше победа од 1-0 против Тираспол на домашен терен. Отпорот беше скршен дури во 85 минута иако во целиот натпревар доминираа на теренот и создадоа безброј шанси.
Адеми Адеми кој е член на Динамо Загреб победи на тешкото гостување во Романија против тимот на Петролул со 3-1. Динамо веќе со едната нога е во групите од ЛЕ по убедливата победа. Адеми го одигра целиот натпревар за гостите, и се очекува повик од селекторот на Македонија Бошко Ѓуровски во новиот циклус квалификации за Европското првенство.
Со предност реваншот ќе го очекува и Бесарт Абдурахими, кој со белгиски Локерен славеа пред своите навивачи против англискиот Хал со 1-0. Абдурахими ги одигра последните пет минути од натпреварот.
Маурем Муарем, пак, одигра 67 минути за азербејџанскиот Карабах кој на домашен терен одигра без голови со холандскиот прволигаш Твенте.
Од другите позначајни резултати, Партизан со целосен пресврт дојде до победа од 3-2, Панатенаикос – Митјиланд 4-1, Аел Лимасол – Тотенхем 1-2, Грасхоперс – Бриж 1-2, Лион – Астра 1-2, Сплит – Торино 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




