Полицијата приведе еден од напаѓачите во синоќешниот инцидент во кафеаната „Император“ при што беа убиени две лица, објави „Охрид нет“.
По триесетгодишниот охриѓанец Бојан П., кој пукаше и ги уби газдата на кафеаната, 56-годишниот Васил Ристоски и 38-годишниот Ромео Ѓузелоски, полицијата сè уште трага. Инцидентот се случи синоќа пред полноќ. По жестока расправија на убиецот со Ромео, кои имале меѓусебни нерасчистени сметки од криминални бизниси во Холандија, во која се вмешал и Васил , напаѓачот го извадил пиштолот и стрелал во двајцата. Бојан П., кој е во бегство, неодамна излегол од холандскиот затвор, таму издржувал казна затвор за трговија со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Охрид e најзадолжена општина
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


