| четврток, 6 декември 2018 |

Српски пратеник и директор на „Водовод“ не плаќа за вода

voda

Директорот на „Водовод“ во Ниш и пратеник од редовите на Српска напредна партија (СНС) Дејан Андрејевиќ должи 438.836 динари (околу 3.700 евра) за вода, за греење, за смет и други комунални услуги, објави денеска „Блиц“.
Весникот наведува дека Андрејевиќ двапати склучувал договори за отплата на долгот на рати и за плаќање на тековните сметки.
Станот во кој живее Андрејевиќ е на име на неговата мајка, но тој во пишана изјава тврди дека прифаќа да ги плаќа сметките.
Андрејевиќ одбил да даде изјава за „Блиц“ тврдејќи дека нема имот на негово име, ниту долгови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top