Во ресторанот „Император“ во Охрид синоќа од засега непознати лица е убиен сопственикот на објектот Васил Ристески, како и Ромео Ѓузелоски.
Неофицијално, двајца напаѓачи упаднале и по кусата вербална расправија со огнено оружје го убиле сопственикот на ресторанот Васил Ристески, кој воедно беше претседател на Демохристијанска партија во Охрид. Убиено е уште едно лице од Лескоец . Според првичните неофицијални информации, напаѓачите имале нерасчистени должничко-доверителски односи со сега убиените. Кафеаната „Император“ се наоѓа на излезот на Охрид кон селото Лескоец. По уиството напаѓачите побегнале.
Васил Ристески покрај тоа што беше претседател на Демохристијанската партија, на последните Локални избори беше и кандидат за градоначалник на Охрид.
Напаѓачите се во бегство и по нив трага полицијата.
Ова е второ двојно убиство во охридско-струшкиот регион, пред само десетина дена жител на Вевчани со огнено оружје уби двајца свои сограѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Охрид e најзадолжена општина
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија