| четврток, 6 декември 2018 |

Седумдесетгодишен Австралиец го преплива Ла Манш

art-swimmer-620x349

Австралиецот Сирил Балдок (70) стана најстарата личност која го препрливала Ла Манш.

Тргнувајќи од Довер во Англија, На Балдок му биле потребни 12 часа и 45 минути да стигне на францускиот брег, оддалечен 34 километри.

– Ќе испијам неколку пива, само од медицински причини, заради спиење, се пошегува по доаѓањето во Франција.

Со 70 години и девет месеци го надмина претходниот рекорд кој од 2011 година го држеше Британецот Роџер Олсоп, кој беше пет месеци помлад во времето кога го преплива Ла Манш.

Но можно е дека Балдок нема долго време да го држи рекородт, со оглед дека 73-годишната Австралијка Ирене Кил се подготвува на истата авантура наредната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top