Британија планира да изгради голем ѕид во близина на границата со Франција и така да го спречи преминувањето на мигрантите од таа земја.
Ѕидот би бил направен во близина на француското пристаниште Кале, кај каналот Ла Манш, а оваа километарска бариера ќе чини околу 2 милиони фунти.
Изградбата ќе започне наскоро, соопштиле британските министри, а ѕидот ќе биде висок околу 4 метри.
Пред Британците да одлучат да ја напуштат ЕУ, дошло до бран упади – во главно од кампот Џунгла, во близина на Кале, каде се сместени 10.000 мигранти.
Кејт Гибс од здружението “Road Haulage” смета дека ѕидот би бил “скандалозно губење на пари”, и дека само би ги одложил проблемите.
“Парите ќе бидат многу подобро потрошени на зајакнување на безбедноста на другите приодни патишта”, додала таа.
Меѓутоа, министерот за имиграција Роберт Гудбил, објаснил дека ѕидот ќе го сопре приливот на мигранти и ќе ги направи возачите побезбедни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.