| четврток, 6 декември 2018 |

Почина првиот Македонец што го преплива Ла Манш

niko nestor

Нико Нестор, основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш, почина денеска во Скопје на 82-годишна возраст.

Нико Нестор беше предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи кои ги поставија основите на македонското маратонско пливање.

На 19 август 1958 година година Нико Нетсор го оствари својот сон и стана првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга.

Една година подоцна, на 9 септмеври 1959 година, Нико Нестор го направи историскиот подвиг. Стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш.

Погребот на Нико Нестор ќе биде в недела во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top