| четврток, 6 декември 2018 |

Реал пак ја преслуша Барселона (видео)

Реал Мадрид пак ја преслуша  Барселона, овојпат со 2-1 на „Сантјаго Бернабеу“ во меч од шпанското првенство.

Жозе Мурињо почна без главниот адут Кристијано Роналдо, но и тоа не му пречеше на Карим Бензема за да го отвори резултатот во шестата минута, по убавиот центаршут на младиот Мората од левата страна. Предноста на домаќините ја анулира Лионел Меси во 18. минута. По пост од три натпревари без реализација, Меси, конечно, погоди за 50. гол во сезоната.
Во второто полувреме во игра влезе Роналдо и имаше одлична шанса од слободен удар да се запише во листата на стрелците, но ја погоди рамката од голот на Барселона. Одбранбениот играч на Реал, Серхио Рамос, 83. минута потврди дека скокот е слаба точка во играта на лутиот ривал и со глава ја затресе мрежата на Барселона за победа на „кралевите“.
Во самата завршница, Барселона бараше пенал, но не го доби, по што Реал забележи нова, 90. победа над вечниот ривал.


szólj hozzá: Real Madrid vs Barcelona 2:1 MATCH HIGLHIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top