Роберт Левандовски даде два гола, во победата од 3-1, на актуелниот шампион Борусија Дортмунд против Хановер. Напаѓачот на „милионерите“ изби на првото место на листата на стрелците, во Бундеслигата, со 16 погодоци.
Левандовски беше прецизен во 8. и 21.минута, во рутинската победа на тимот од Дортмунд. Третиот гол во првото полувреме го постигна Хановер преку Абделауе, а конечните 3-1 ги постави Шибер, со реализација во вториот дел. Борусија го задржа второто место на табелата по 24. коло со 46 бода, но заостанува цели 14 бода зад лидерот Баерн.
Гол-шоу во Волфсбург приреди екипата на Шалке 04. Дракслер со два гола беше предводник во победата , а по еднаш прецизни кај гостите од Гелзенкирхен беа Фарфан и Хунтелар. Хрватот Ивица Олиќ го даде единствениот гол за Волфсбург.
Изненадување направи Аугсбург, со победа во Бремен против Вердер од 1-0, а нерешено, 1-1, завршија двата останати дуели од 24. коло во Бундеслигата, попладнево. Хамбургер и Гројтер фирт, односно Нирнберг и Фрајбург ги поделија бодовите.
Резултати, 24. коло: Борусија Д – Хановер 3-1, Волфсбург – Шалке 1-4, Хамбургер – Гројтер фирт 1-1, Нирнберг – Фрајбург 1-1, Вердер – Аугсбург 0-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


