| четврток, 6 декември 2018 |

Лошите страни на врската со богат маж

маз

Богатите мажи, се чини, носат со себе некој посебен шарм и секогаш се посакувани меѓу жените, кога станува збор за сериозни врски, но ваквите врски имаат и свои лоши страни.
1.Секогаш е на работа

Причината поради која што има толку пари е токму тоа – секогаш работи. Мажите кои имаат големо богатство обично го поминуваат цел ден работејќи, освен ако не станува збор за маж кој го наследил своето богатство, па не мора да работи. Тоа значи дека секогаш вам ќе ви посветува малку внимание, што во некој момент сигурно ќе почне да ви пречи.

2.Има преголемо его

Парите можат да направат вашиот маж да стане арогантен. Некогаш би посакале да си купите парче пица од вашиот омилен киоск, но тој ќе преферира да оди во познат италијански ресторан. Ваквите работи можат да направат да се чувствувате многу непријатно.

3.Секогаш ќе биде предмет на нечиво внимание

Парите можат да направат вашиот маж секогаш да биде забележан, кај и да се појави, па и меѓу жените. Многу жени ќе се обидат да бидат на ваше место, па поради тоа секогаш ќе чувствувате несигурност и страв од прељуба и неверство.

4.Ќе ве гледа од висина

Можеби на вашите избори и вкус ќе гледа од висина. Сте купиле некоја работа од омилениот евтин бутик, но ќе чувствувате непријатност да му ја покажете, бидејќи не е брендирана. Ќе бара од вас во се` да бидете префинети, па кога станува збор дури и за храна. Често ќе ги потценува вашето мислење и предлози, бидејќи вие „немате вкус“ за модерни и скапи работи.
5. Секогаш ќе се чувствувате како нешто да му должите

Некаде помеѓу тој луксузен живот и скапи подароци, секогаш ќе имате чувство како нешто да му должите. Нема секогаш да ви биде пријатно само тој да ви ги плаќа ручеците и патувањата. Не е убаво чувството кога знаете дека целосно зависите од некого.

6. Богатиот маж може да ја ограничи вашата слобода и избор

Кога некој со потценување го набљудува вашиот вкус за различни работи, кога вашето мислење не се почитува и кога генерално сте принудени да правите се` како што сака тој, тогаш почнува да пати вашата индивидуа. Може да се почувствувате како птица во затворен кафез, што секако не е убаво чувство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top