| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се укинувa роамингот во регионот

роаминг
Да се укинат цените за романинг меѓу балканските држави, договараат регулаторите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија.
Иницијативата поднесена пред речиси два месеца, се очекува да биде преточена во одлука и да влезе во сила од 1 јануари 2015 година. Во неа се вклучени и БиХ и Косово.
Како што изјави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски пред состанокот со своите колеги, законска можност за реализирање на иницијативата постои, само треба да се најдат соодветните правни решенија.
– Додека чекаме пред Европската комисија за приспособување на нашите цени за роаминг кон европските, кои се четири до пет пати повисоки, ние, балканските регулатори, решивме да се договориме, билатерално и мултилатерално, роамингот за нашите корисници да се укине – истакна Орданоски.
Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори, зборување, СМС, интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top