Во последното квалификациско коло за групната фаза во Лига Европа, Интер и Днипро победија во првите натпревари против своите противници, Стјарнан односно Хајдук.
Интер уште на гостувањето во Исланд ја заврши работата за пласманот во групи победувајќи ја домашната екипа Стјарнан со 3-0.
Лесна победа на тимот од Милано пред реваншот на домашен терен кој ќе биде само промоција на Интер во ЛЕ.
Головите за гостите ги постигнаа Икарди, Додо и Д’Амброзио.
All Goals- Stjarnan 0-3 Inter (Europa League… by Vizyeo
Во вториот натпревар кој се одигра синоќа Днипро минимално славеше против Хајдук со 2-1. Победата беше остварна во самиот финиш на натпреварот односно во 88 минута со голот на Скаков. Сплиќаните ги изненадија домаќините со голот во второто полувреме кога поведоа на самиот старт во 47 преку Сушиќ иако доминацијата на теренот и шансите беа на страната на украинците во текот на целиот натпревар. На 1-1 израмни Калиниќ, а потоа дојде и победата за Днипро. Реваншот во Сплит ќе одлучува која екипа ќе се пласира во групната фаза од Лига Европа.
Dnipro – Hajduk 2-1, goals, 20.08. by dm_525b2245553f8
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




