Според пишувањата на српските медиуми Виктор Троицки наводно ќе се жени со својата девојка Софија Милошевиќ. По свадбата на Новак и Јелена, Троицки добил идеја да се смири.
Тие двајца веќе некое време размислуваат за свадба, а во прилог на тие гласини оди и фактот дека од неодамна парот живее заедно.
– Виктор до уши е вљубен во Софија. Тие двајца неодамна започнаа да живеат заедно, а Софија го следи на турнирите. Нема да брзаат со одлуките, но извесно е дека свадбата ќе биде наредната година – вели близок извор на Виктор.
Сепак Троицки не сакал да ја потврди ниту да ја демантира оваа вест.
– Не би сакал да говорам за својот приватен живот. Убаво ми е со Софија, ми дава поддршка во сѐ – изјавил Троицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


