
Косово и Србија не можат да преговараат без посредство на Брисел во дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете земји, изјави косовскиот заменик премиер Едита Тахири.
– Дијалогот меѓу Косово и Србија по моделот без посредник, според мене нема да постигне резултати, бидејќи и во разговорите со посредување многу често ние како Влада за многу прашања моравме да бараме интервенција од Брисел да врши притисок врз Белград за исполнување на договорот – истакна Тахири.
Косовскиот заменик премиер ова го изјави по објавените информации во некои белградски медиуми, во кои е наведено дека Косово и Србија ќе преговараат без посредник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


