| четврток, 6 декември 2018 |

Кога клубот ти плаќа 5 милиони долари за да си одиш

Луиш Нани некогаш ветуваше дека би можел да биде еден од најдобрите европски фудбалери, но откако добро стартуваше во дресот на Манчестер Јунајтед, следеше голем пад во неговата игра, а на крајот клубот го искористи за купување на Маркос Рохо од Спортинг Лисабон.

Португалскиот репрезентативец е испратен на едногодишна позајмица меѓу „лавовите“, а покрај тоа Јунајтед ќе треба да издвои 4,8 милиони фунти за неговата плата, што доволно говори колку е потребен на тимот.

Покрај Нани, Јунајтед во Лисабон испрати уште 20 милиони евра за обештетување на аргентинскиот лев бек, од кои една петина ќе му припадне на Спартак од Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top