| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипед кој се склопува во чанта

Уникатниот дизајн „велосипед во чанта“ е дефинитивно револуционерно откритие кое овозможува по возењето, велосипедот да го склопите во чанта.

Kit Bike е составен од 21 парче кои едноставно се спојуваат во една целина. Исто како и класичните велосипеди и овој модел е изработен од алуминиумски цевки кои се спојуваат во една челична конструкција.

kitbike1

Едноставниот и модерен дизајн е дополнет со кожено седиште, рачни волани и кожена чанта, во која се ставаат деловите од велосипедот по неговото расклопување.

kitbike3

Тимот дизајнери од студиото Lucid Design смета дека ова е идеално решение за сите оние кои го употребуваат велосипедот како превозно средство. Kit Bike е дизајниран за да се решат проблемите со преносот и патувањето со велосипед низ градот, а воедно се заштедува место во домовите. Иако за овој дизајн тимот ја освои наградата Red Dot за 2014 година, сепак компанијата сеуште не започна со производство на овој модел на велосипед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top