| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Потврдена е решеноста да се спроведе одлуката на Конгресот

centralen-komitet-sdsm-6-Со власта мора да се продискутираат сите пет наши барања заедно со тоа за техничка влада и дотогаш нема враќање во Собранието, изјави Зоран Заев, по попладневната седница на Централниот одбор на СДСМ.  Од партијата потоа соопштија дека во сите дискусии во текот на вечерашната дебата на Централниот одбор била потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ.

Прв услов на СДСМ во преговорите е „формирање техничка влада што ќе спроведе слободни фер и демократски избори“.  Второто барање на СДСМ е „одвојување на партијата од државата“, се бара „регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми“, четврто е „ прецизирање на Избирачкиот список“и петтото барање е „попис на населението“.

СДСМ на ЦО ги исклучи од партија двете пратенички кои не го прифатија повикот на партијата за бојкот на собранието, Љубица Буралиева и Солза Грчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top