
Шише со течност стара 200 години е пронајдено од страна на Подводните истражувачи во водата близу брегот на Полска. Течноста содржи 14 отсто алкохол, а се претпоставува дека станува збор алкохолен пијалок помешан со минерална вода. Според податоците на националниот Поморски музеј, хемискиот состав на течноста одговара на бренди “Салтерс“, и на шишето е втиснато и логото од овој пијалок.
“Салтерс“ е име на на висококвалитетен произведувач на минерална вода од планината Таунус во Германија. Изворот на „салтерс“ е пронајден пред 1.000 години, а со векови на водата и биле препишувани лековити својства.
Истражувачите утврдиле дека течноста во шишето има добар квалитет.
„Сигурно нема да се отруете ако се напиете од пијалокот, но мирисот не е баш најпријатен“, изјавил еден од археолозите.шише со течност стара 200 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


