
Ракометарите до 18 години загубија од Исланд на европското првенство, натпревар кој ќе ни обезбедеше разигрување за пласман на 9-тата позиција. Составот на Александар Јовиќ попладнево загуби со 26:25 на средба на која Исланѓаните постојано го имаа водството и ја контролираа играта. Нелоски со 8 погодоци беше најефикасен во нашиот состав.
Во групата И1 Русија со 27:25 славеше над Србија, со што нашата селекција како и Србите натпреварувањето ќе го продолжат во разигрувањето за пласман од 13-тото до 16 место со селекциите на Романија и Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


