| четврток, 6 декември 2018 |

Нуркачи ги бараат деловите од телото на девојче кое го распарчила јахта

jahta-ubila-curu-640x370

Во стравична несреќа која се случила утринава на пределот на јужниот Фажански канал, смртно настрада 16-годишната Германка Ј.К. Таа нуркала кога на неа налетала моторна јахта долга 13.6 метри која пловела под италијанско знаме.

Како што велат од Министерството за поморство, на брегот на полуостровот Пунтижел наспроти островчето Козада, го нашле телото на мртва женска личност во нуркачкиот оддел. Очевидците опишале што се случило, па набрзо било потврдено дека станува збор за Ј.К.

Телото било префрлено во Заводот за итна медицинска помош, но било констатирано дека Германката починала поради здобиените тешки телесни и смртоносни рани и ампутација на делови од телото. Истрагата е насочена кон моторната јахта наречена Con Tici, со италијанско знаме, долга 13.6 метри и моторна сила од 330 kW, во сопственост од Л.Ф. од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top