| четврток, 6 декември 2018 |

Пролетен старт со победа за Работнички

Работнички го победи  Хоризонт Турново, со 2-0, во премиерниот меч од пролетниот дел на македонското фудбалско првенство.

Баже Илиоски, кој ги засили „романтичарите“ во зимскиот преоден рок, погоди во 42. минута, за предност на домашниот тим, кој принудно играше на стадионот во „Ѓорче Петров“, поради обновување на тревата на „Филип Втори“ арена.

Хоризонт Турново нападна во второто полувреме, гостите бараа израмнување, но примија гол од контранапад.

Велкоски беше прецизен за Работнички, во 80. минута, за прва пролетна победа, и само втор пораз за Турново во шампионатот.

Утре од 14 часот, се играат останатите натпревари. Дербито е во Битола, меѓу Пелистер и Вардар, во Скопје, Металург му е домаќин на Тетекс, а во Кратово Силекс ја пречекува Дрита. Два натпревари се одложени за во среда.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top