| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на патници на двата аеродроми зголемен за 17,2 отсто

аеродорм

Во периодот јануари-јули 2014 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2013 година.

Имено, во посочениот период од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 704.563 патници односно зголемување од 17.2 отсто во одонос на истиот период во 2013 година, кога биле превезени вкупно 601.345 патници.

Најголем пораст на бројот на превезени патници во однос на предметниот период е евидентирано во месец април 2014 година, кога од двата аеродрома се превезени вкупно 107.037 патници што претставува пораст од 39.6 отсто во однос на истиот месец 2013 година, кога биле превезени 76.653 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот јануари-јули се превезени 668.870 патници односно зголемување од 19.9 отсто во однос на истиот период во 2013 година кога биле превезени 557.836 патници.

Во однос на операции на воздухоплови за периодот јануари-јули 2014 од двата аеродороми „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, извршени се 7794 операции односно зголемување од 9.3 отсто во однос на истиот период за 2013 година, кога биле извршени 7128 операции.

Во однос на превезено Карго (стока и пошта) во периодот јануари-јули 2014 од двата аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, превезени се 1846.43 тони односно зголемување од 19.8 отсто во однос на истиот период во 2013 година, кога биле превезени 1540.93 тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top