Цариниците на американскиот меѓународен аеродром во Лос Анџелес заплениле пратка тешка 16 килограми со неколку десетици гигантски африкански полжави кои се сметаат за гастрономски специјалитет во Нигерија, но се и незаситни штетници кои можат да изедат дури и боја и малтер на куќи, a опасни се и по здравјето на луѓето.
Како што пишува The Los Angeles Times, од нигериската престолнина Лагос на аеродромот во Лос Анџелес пристигнале 67 полжави заедно со куќичките спакувани до две торби, коишто според декларацијата, како што објави американската царинска служба, биле наменети за човечка исхрана. Претходно беше познато за само два случаи на откриени полжави сокриени во рачен багаж.
Споменатата пратка содржела адреса и немало обид за нејзино илегално внесување во САД. Меѓутоа, овие полжави се под забрана за влез во многу земји, затоа што се сметаат за големи штетници кои претставуваат сериозна закана за земјоделието, околината и јавното здравје. Тие се инвазивен вид кој се храни со големи количества од 500 видови растенија и изведуваат 1.200 јајца годишно.
Гигантските африкански полжави достигнуваат 15 до 18 сантиметри во должина и живеат до 10 години. Покрај тоа, во себе можат да носат паразити коишто може да предизвикаат разни болести кај луѓето, вклучително и менингитис.
Оттаму, земјите коишто имаат најпогодна клима размножување за овој вид полжави предвидуваат карантин и не дозволуваат увоз на нивни школки на своите територии. Во Европа, каде што опстанокот на гигантските африкански полжави во природни условине е возможен, тие понекогаш се чуваат како домашни миленици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


