| четврток, 6 декември 2018 |

Водоснабдување за село Љуботен со поддршка на Министерството за животна средина

luboten
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска потпиша Договор со градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски за финансиска поддршка на проектот „Водоснабдување, зафат доводен цевковод и филтер на водоводот во село Љуботен“, вреден три милиони денари.
Вкупната инвестиција на проектот е 15.000.000 денари при што Министерството за животна средина ќе продолжи со негово кофинансирање.
– Со реализацијата на овој проект граѓаните на село Љуботен ќе добијат квалитетна, здрава и бактериолошки исправна вода за пиење со и ќе се реши нивниот децениски проблем – соопшти Министерството.
Договорот е потпишан врз основа на Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределување средства за финансирање и реализирање програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top