| четврток, 6 декември 2018 |

Прекини во водоснабдувањето во Делчево

Енормно е намалено нивото на водата во бунарите и на браната Лошана од каде што Делчево и неколку околни села се снабдуваат со вода за пиење, поради што се јавува прекин во водоснабдувањето на повисоките места во градот Делчево и во селата.

В.д. директорот на ЈПКД „Брегалница“ Дарко Гоцевски, истакна дека нивото на бунарите е намалено за шест илјади метри кубни вода и апелира за рационално користење на водата за пиење од сите корисници.

– Во овој период поради моменталната временска состојба, ситуацијата е критична и бунарските води се намалени за над шест илјади метри кубни помалку вода во бунарските води во споредба со лани истиот период, но бележиме и секојдневно намалување на водата од браната Лоашана. Нивото на притисокот може да се случи да паѓа од 7,5 бари на 3,5 бари и кога се вклучат корисниците, автоматски паѓа притисокот и пумпите ја црпат водата за 7 минути. Во јули 2017 имаме потрошено 54 илјади метри кубни вода, а лани 60 илјади метри кубни, значи шест илјади метри кубни вода имаме помалку, бидјеќи нема вода, потенцираше Гоцевски.

Додаде дека доколку се продолжи со нерационално користење на водатата ќе бидат преземени и поригорозни мерки.

– Јавно апелираме водата од градскиот водовод да се користи рационално за основните потреби со цел сите делови од градот да бидат снабдени со вода за пиење. Сушниот период доведе до намалување на подземните води во бунарите, а зголемено отежнување на мрежата е нерационалното користење на водата од некои граѓани со што високите делови од градот се без вода и по неколку часа во тект на денот. ЈПКД „Брегалница“ ги прави сите напори да обезбеди квалитетна вода за пиење, но уште еднаш ќе повторам дека доколку се продолжи со нерационално користење на водата ќе преземеме поригорозни мерки кои ќе бидат на штета на несовесните корисници, истакна Гоцевски.

Проблем со водоснабдувањето има и во селото Габрово, каде капацитетот на базенот од каде се дистрибуира водата низ селото е од 150 до 180 метри кубни, а селото трошо над 200 метри кубни вода за 24 часа, а во селото Тработивиште има многу диви приклучоци и водата не се користи рационално, додаде Гоцевски.

Делчево во овој период троши околу 120 литри вода во секунда, а моменталните потреби се 150 литри, што е речиси двојно зголемување на потрошувачката на водат кој во текот на годината се движи од 60 до 90 литри вода во секунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top