Една од попосетените плажи во јужниот дел од Франција го забрани слободното снимање на ткн „селфи“ пишува во понеделникот британскиот дневен весник The Miror.
Ваквите мерки против себеовековечувањето, управата на плажата Гаруп ја донела поради зголемениот број британски туристи коишто ги преплавија социјалните мрежи со споменатиот вид фотографии направени со паметни телефони. Според весникот, „селфите“ се една до петте главни активности за време на одморот на секој трет Британец.
Се истакнува и дека на плажата на видливи места се поставени табли со кои се известуваат туристите за забраната за правење „селфи“. Забраната ќе биде на сила следните две седмици, во време на врвот на туристичката сезона во јужна Франција.
Одлуката, како што образложуваат локалните власти, е донесена за да бидат поштедени гостите кои се веќе заморени од постојаните активности на аматери фоторепортери, кои ги вперуваат своите објективи во нивите лица или нозе.
Портпаролот на компанијата „Three“, којашто била ангажирана од администрацијата за справување со „селфите“, вели дека „забраната претставува драстична, но неопходна мерка со којашто сакаме да ги мотивираме луѓето да имаат поодговорен приод кон годишноодморските селфи-ја, и поставување на социјалните мрежи само на најдобрите снимки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


