Македонците, по Србите се рекордери во Европа по гледање телевизија. Во Србија, гледачот просечно поминува 308 минути пред телевизискиот екран, додека во Македонија – 288 минути, пишува денеска „Вест“.
-Дневното време на гледање телевизија е зголемено и во 2012 година, во 14 од вкупно 38 европски земји и тоа најголемо зголемување има во Франција за 15 минути, на вкупно 212 минути- вели Драгица Љубевска од Советот за радиодифузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.