
Полицијата во Сент Луис уби 23-годишен Афроамериканец кој се заканувал со нож. Полицијата во Сент Луис уби 23-годишен Афроамериканец, во близина на местото каде со денови се одржуваат протести, објавија американските медиуми.

Според локалната полиција, убиениот имал нож и им се заканувал на полицајците замавнувајќи со него. Полицајците пукале кон него откако тој одбил да го фрли ножот.

Токму протестите кои се случуваат во Фергусон беа поттикнати од убиство на 18-годишниот Афроамериканец Мајкл Браун од страна на полицаец. Полицијата не толерира никакви закани во земјата која се смета за мајка на демократијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


