| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико остана непоразен на „Бернабеу“

Шпанскиот суперкуп ќе се решава во реваншот на „Винсенте Калдерон“.
Во дуелот на двата мадридски тима, Реал и Атлетико, кои се сретнаа на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот меч од Суперкупот на Шпанија немаше победник, односно натпреварот заврши со резултат 1-1.

Новиот играч на Реал Мадрид Хамес Родригез успеа да се запише во листата на стрелците уште во првиот негов натпревар за „кралскиот клуб“.

Колумбискиот репрезентативец кој во игра влезе на почетокот од второто полувреме на местото на Кристијано Роналдо, ги доведе домаќините во водство во 81.минута, а седум минути подоцна за Атлетико Мадрид погоди Раул Гарсија за изедначување и мала предност за „јорганџиите“ пред вториот дуел.

Реваншот ќе се игра в петок на „Висенте Калдерон“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top