Реал и Атлетико Мадрид вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Мадридските ривали, во последните три години два пати играа во финалето, каде Реал победи во 2014 и во 2016 година, а во 2015 „кралскиот клуб“ го елиминира градскиот ривал во четвртфиналето од оваа натпреварување.
Реал е едниствениот клуб, кој во изминатите три години во нокаут фазата, во Лигата на шампионите, бил подобар од Атлетико. И покрај позитивниот биланс тренерот на Реал, Зинедин Зидан, смета дека неговиот тим нема психолошка предност над ривалот.
Францускиот стратег навел дека Рафаел Варан ќе биде во тимот и дека поради повреди во составот ќе ги нема Пепе и Герет Бејл.
Проблеми во дефанзивната линија има и стратегот на Атлетико, Диего Симеоне. Десниот бек Хуанфран е повреден, Шиме Врсаљко неодамна се врати на тренинзите по повредата, а алтернативата за овие двајца Хосе Хименес се повреди во саботата.
Атлетико, сезонава ја има најдобрата одбрана во Примера, примени 25 гола на 35 натпревари, додека Јан Облак на последните 12 натпревари е совладан само четири пати.
Првото полуфинале во Лигата на шампионите ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, во вторник од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.