
СДСМ вечерва ќе одлучува дали ќе се врати во Собрание или не. Членовите на Централниот одбор на СДСМ ќе одлучуваат за предлогот на власта за враќање во Собранието, но и за исклучување на пратеничките Солза Грчева и Љубица Буралиева од партијата.
Од СДСМ велат дека за нивно враќање во Собранието останува барањето за формирање техничка влада, но не ја исклучуваат можноста за нови лидерски средби помеѓу Груевски и Заев есенва.
Централниот одбор на СДСМ последен пат се состана во мај кога се гласаше доверба на новото раководство непосредно по изборите. Заев и Груевски досега остварија само една средба во клубот на пратеници која заврши неуспешно бидејќи лидерот на ДПМНЕ не се согласи на барањето за техничка влада на кое СДСМ инсистираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


