| четврток, 6 декември 2018 |

Од блискоисточните земји во Косово пристигнале 50 милиони евра

terorizam

Во Косово изминатите години од блискоисточните земји пристигнале 50 милиони евра, изјави Бешким Зечири, експерт, кој го проучува финансирањето на тероризмот.

Тој истакна дека во Косово постои солидна законска основа за финансирање на тероризмот бидејќи главен проблем е недостигот на политичка волја.

– На основа на меѓународните извештаи за тероризмот, американскиот Стејт департмент објавен минатата година посочи дека косовската Влада и нејзините институции треба сериознои да пристапат кон проблемот на финансирање на тероризмот. Укажано е дека не се знае изворот на финансирање на неколку невладини организации, како и тоа дека Косово не се занимава со тоа, истакна Зечири.

Тој потенцира дека има основани сомневања дека во изминатите години од блискоисточните земји во Косово пристигнале 50 милиони евра.

– Тоа се средства чие потекло треба да се утврди, да се анализираат трансакциите, да се направи аналитички профил што бара исклучително сериозен пристап, рече Зечири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top