Џихадистичката организација ИСИС објавила видео снимка на која се гледа како еден нејзин член ја одсекува главата американскиот новинар Џејмс Фолиј кој исчезнал во Сирија пред две години.
Екстремистите се заканиоле дека ќе убијат уште еден затвореник, кој како што објавиле исто така е американски новинар.
Џејмс Фолиј, како што објаснуваат на видеото е убиен поради одмазда за скорешните американски напади во Ирак.
Семејството на Џејмс Фолиј ја потврдилo неговата смрт.
Фолиј исчезнал во северна Сирија, а работел како хонорарец за агенцијата АФП и медиумската компанија од Бостон Глобал Пост.
ИСИС објавиле видео снимка на која тврдат дека чуваат уште еден американски новинар, Стивен Сотлоф и испратиле порака дека неговиот живот зависи од слесниот потег на Барак Обама.
-Животот на овој американски државјанин, Обама, зависи од твојата следна одлука, порачал маскираниот маж на видео снимката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.