Вечерва се одиграа првите натпревари од плеј-оф рундата за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Ниту една екипа не успеа да обезбеди пласман уште по првиот натпревар, единствено најблиску се наоѓа Баер Леверкузен, кој забележа триумф на гостувањето кај Копенхаген со 2:3.
Натпреварот на вечерта се одигра во Истанбул, каде Бешикташ го пречека Арсенал, но и покрај големиот број на шанси, повеќето пред голот на Шчесни, на крајот натпреварот заврши без голови 0:0, што им оди во прилог на избраниците на Арсен Венгер, со оглед на лошата игра што ја прикажаа вечерва.
Поранешниот напаѓач на Челзи, Демба Ба беше најголемата опасност по голот на Арсенал и тоа буквално од првата секунда кога при почетниот удар веднаш се обиде да го изненади Шчесни, но голманот на Арсенал, со помош на пречката го зачува својот гол. Домаќините имаа уште две колосални шанси, повторно преку Демба Ба во првото полувреме, но и во вториот дел преку Сахан, а може да се каже дека „Топџиите“ имаа вистинска среќа на овој натпревар.
Резултати од вечерашните средби:
Салцбург (Австрија) – Малме (Шведска) 2:1 (1:0)
Стеауа Букурешт (Романија) – Лудогорец (Бугарија) 1:0 (0:0)
Бешикташ (Турција) – Арсенал (Англија) 0:0
Копенхаген (Данска) – Баер Леверкузен (Германија) 2:3 (2:3)
Наполи (Италија) – Атлетик Билбао (Шпанија) 0:1 (1:1)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.