| четврток, 6 декември 2018 |

Балетско студио „REVERANS“- само за креативни родители кои го сакаат најдоброто за своето дете

Балетот е идеален за девојки, но и момчиња на рана возраст, бидејќи придонесува за флексибилност и координација на движењето, развој на музикалност и чувство за ритам, што претставува основа на сите танцови стилови. Дружбата исто така е неизоставен дел. Водена од целта да го разбуди интересот кај децата и да развие љубов кон музиката, танцот, како и кон здравиот и креативен начин на живот, Катерина Стефковска го основаше „REVERANS“- приватното балетско училиште кое започна со работа во општина Аеродром. Од оваа година се шири и на територијата на општина Карпош.

Стефковска е професионална активна балерина во Македoнската Опера и Балет со дваесет годишен стаж.

-Главната цел на нашето училиште е да разбудиме интерес кај децата и да развиеме љубов кон музиката, танцот и здравиот и креативен начин на живот. Програмата на балетското студио се прилагодува на секое дете со индивидуален пристап. Знаењата и вештините кои ќе ги стекнат, ќе им овозможат да ги совладаат основите на класичниот и модерниот балет, да ја изградат самодовербата и навиките, да се дружат, со еден збор, да уживаат во музиката, што е всушност, целта на балетот, вели Катерина.

500baet5

Програмата на Балетското студио „REVERANS“ е во согласност со општествените заложби во насока на признавање и поддршка на талентираните деца и задоволување на нивните специфични потреби и создавање услови за оптимален развој на нивните балетски потенцијали, а ја спроведуваат диполмирани балерини едуцирани за работа со деца.

Изведбата пред публика на вистинска сцена е суштински дел на балетот и музика, па заради тоа се планирани и завршни концерти на крајот научебната година. Чувството на задоволство во прикажување на научените движења на сцена е од суштинско значење за секој кој се занимава со музички уметности и балет, а особено кај децата бидејќи нивниот прв голем перформанс останува засекогаш запомнет како големо искуство и континуиран поттик и мотивација за работа.

Во програмата на балетското студио се опфатени и јавни часови за родителите, учество на разни културни и спортски манифестации, престави и семинари.

Програмата на балетското студио „REVERANS“ е дизајнирана преку три групи со цел да ги мотивира и поттикне децата од сите возрасти и со различни нивоа на способност преку систематско мерење на напредокот и постигнувањата во текот на играњето.

Најмала група– Програма за развој на основните вештини на движење, развој на музичка свест, изразување и креативност. Часовите поттикнуваат учество, фокусирање и развој на самодовербата на учениците како подготовка за основите на балетот. Оваа програма е наменета за дечиња на возраст од три и пол до шест години.

500balet4

Средна група– Наставната програма за средната група служи да се развијат физички способности, издржливост, креативност, изразување и музикалност на различни музички стилови. Оваа програма е наменета за дечиња меѓу шест и девет години.

Голема група– Наставната програма за оваа група обезбедува широка едукација, прогресивен развој на технички, музички и перформативните вештини на децата. Програмата вклучува класичен и модерен балет, Хип Хоп, Зумба. Овие образовни програми се наменети за деца на возраст од девет години, па натаму.

Уписите за класичен и модерен балет се во тек, а започнува со работа од 10.септември.

Од REVERANS Ве очекуваат на телефон 075 339 003 или во нивните просториите во населба Аеродром, Тафталиџе и Горно Лисиче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top