| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Во свинскиот врат на „Екстра Меин“ има листерија 90 пати повеќе од дозволеното

vrat-svinski

Според последните анализи докажано е присуство на листерија кај производот свински врат на „Екстра Меин“ дури 90 пати над дозволеното.

Ова денес го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој додаде дека кај затворените примероци од свинскиот врат се пронајдени и производи кај кои на опаковката немало рок на употреба.

-Од стручните лица сум информиран дека доколку во вакумиран производ остане и само една колонија на листерија истата доведува до размножување – вели Тодоров.

Од Институтот за јавно здравје велат дела според последните лабораторски испитувања е потврдено присуство на листерија и во суровините од кои се произведуваат производите во Екстра Меин, односно дека листерија постои и во замрзнатото свинско месо и пилешките гради.

Инаку суровините од кои се произведуваат производите во Екстра Меин се набавени во Канада и Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top