– Ги слушаме луѓето од раководството од СДСМ и не можеме да веруваме дека со толкава леснотија продолжуваат да ги шират своите лаги и манипулации. Ги гледаме како продолжуваат да внесуваат забуна кај своето членство со цел да го покријат срамот и да ги прикријат сите непотребни, хаотични и лажни работи кои ги правеа и ги зборуваа во минатите два месеци- рече директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ јасно повторува дека нема било каков договор со СДСМ за предвремени парламентарни избори. Во ниту една верзија на вчерашниот документ, ниту во англиската, ниту во македонската, го нема зборот предвремени, вели Димовски. Тој потенцираше дека нема одложување на датумот за одржување на локалните избори и дека нема договор со СДСМ за предвремени избори.
– Нема ниту датум, ниту датум за датум, како што велат од СДСМ. Ако СДСМ има намера да продолжи да го лаже сопственото членство и македонската јавност заради нивно задоволство, ние им велиме дека е тоа нивен избор. Но имаме обврска пред сите граѓани да ги демантираме нивните лаги. Ако тие сакаат да си бараат чаре заради дното кое го допреа, нека продолжат. Но ги предупредуваме дека лажењето за да се покријат претходните лаги и удирањата во гради е уште полошо и уште попогубно за нив. Ги внесува во нов хаос- вели тој.
Димовски рече дека денска дали со или без опозицијата ќе бидат усвоени измените во Изборниот законик во насока на овозможување на дополнителен рок од пет дена за доставување на листите на кандидати за советници и градоначалник за политичките партии. Тој ги повика опозиционерите да достават листи за претсојните избори оти така било договорено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)