| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Радикалниот ислам е еден од главните проблеми на Косово

Atifete Jahjaga

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска изјави дека „исламскиот радикализам“ е еден од главните проблеми во Косово и институциите треба да дејствуваат против поединците и групите кои претставуваат закана за безбедноста на Косово, соопшти белградскиот весник „Блиц“.
– За нас како општество е важно да се дистанцираме од криминалните и екстремистичките злосторства, кои немаат ништо заедничко со вредностите и идеалите врз кои ја градиме нашата држава – изјави Јахјага во интервју за програмата на албански јазик на Радио
Слободна Европа.
Таа оцени дека станува збор за изолирана група лица кои се радикализирани и изманипулирани, за кои постојат основани сомненија дека биле дел од организации чија цел била изведување терористички и криминални злосторства во Косово и надвор од него.
– Станува збор за поединци кои се закана за нашата национална безбедност. Како државните институции, така и граѓаните ги осудуваат таквите активности и ориентација – изјави Јахјага.
Претседателката на Косово уште додаде дека треба да продолжи дијалогот со Србија со посредништво на ЕУ се додека не се решат сите взаемни прашања и овој процес треба да заврши со мировен договор, што ќе има тежина на закон.
– Го поддржав дијалогот како единствена можност двете земји да ги решат отворените прашања и тоа успеа да придонесе за нормализирање на односите, што е услов за членство во ЕУ – изјави Јахјага

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top