| четврток, 6 декември 2018 |

Актерката Мила Јовович повторно ќе стане мајка

mila jovovic

Актерката Мила Јовович е бремена и го чека второто дете со својот сопруг, режисер и продуцент Пол В.С. Андерсон.

Оваа вест таа ја објави на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, шегувајќи се дека сега бескрајно ќе ужива во јадење колачи.

– Сакам да имам бебе и тоа е мој приоритет. Колку што сум постара, тоа ќе биде потешко, да станам повторно мајка, а сакам мојата ќерка да има брат или сестра – изјави Јовович во интервју за магазинот „Хелоу“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top