| четврток, 6 декември 2018 |

Четири косовски џамии вон контрола на ИЗК

dzamija zvuckiВо Косово се идентификувани четири џамии кои не се под јурисдикција на Исламската заедница на Косово (ИЗК), од кои две сега се затворени, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.

Претставници на ИЗК наведуваат дека тие џамии треба да се затворат бидејќи немаат никакви информации за активностите во нив, ниту за тоа кој раководи со нив и со што се занимаваат.

Секретарот на ИЗК, Решул Реџепи изјави дека има информации дека во Косово постојат четири места за молитва така наречени џамии, од кои две се во функција и се наоѓаат во Драгаш. Другите две се затворени, едната е во Дечани, а другата во Приштина и таа е затворена на првиот ден од акцијата во која се упасени 40 лица осомничени дека сториле кривично дело поврзано за тероризам.

Реџепи посочи дека џамијата во Дечани е затворена пред една година.

Тој не ја исклучува можноста дека и други објекти кои не се под контрола на ИЗК да бидат затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top