Австралискиот град Мелбурн четврти пат по ред е избран за град кој нуди најдобри услови за живот. Според актуелното рангирање на Економскиот институт (ЕИУ) Мелбурн, во споредба со 140 светски метрополи е избран за град со највисок квалитет на живот.
По Мелбурн, следат Виена и Ванкувер.
Мелбурн и Ванкувер и минатата година ги зазедоа првите две места на оваа листа.
Следни на листата се Торонто, Калгари, Сиднеј, Хелсинки, Перт и Оукленд.
Од друга страна, последно место на листата е Дамаск, кој има најлоши услови за живот.
Фактори кои решаваат кој град е најдбар за живеење се: стабилност, здравствена заштита, животна околина, инфраструктура, како и образовна и културна понуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.