| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија бележи пад на невработеностa

nevrabotenost

Стапката на невработеност во Словенија во јуни изнесувала 12,8 отсто, што е за 0,2 отстотни поени помалку во однос на претходниот месец, објави во вторникот словенечкиот завод за статистика.

 Стапката на невработеност во Словенија паѓа веќе неколку месеци по ред, така што во јуни годинава се изедначи со нивото од јуни минатата година.

Бројот на невработени во јуни годинава изнесувал 117.352 лица, притоа бројот на невработени мажи се намалил за 1.800 на месечно ниво, а на невработени жени се смалил за околу 300.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top