| четврток, 6 декември 2018 |

На две години има свој бизнис, џет авион и неограничен луксуз

 пикси

Двегодишната Пикси Куртис од Австралија има свој бизнис, лета со свој џет авион и ужива во луксузот кој не е вообичаен за нејзините врсници.

Фотографиите од преслатката Пикси, која покажува каков живот живее, станаа вистински хит на Инстаграм.

Нејзината мајка Рокси има ПР-компанија, додека нејзиниот татко е инвеститор.

-Бидејќи мојот сопруг и јас многу работиме, се трудиме со Пикси квалитетно да го поминеме времето. Работиме 7 дена во неделата по 14 часа, така што богатството не ни е паднато од небо – вели Рокси.

Бизнис афинитетите и одржувањето на богатството не ја заобиколиле ниту малата Пикси, која од својата двегодишна возраст има сопствен бизнис за продавање детски траки за коса „Пикси Пикс“ кои ги нуди на интернет.

Иако многумина ѝ замеруваат на нејзината мајка што постојано ја фотографира и споделува на интернет, таа се правда со тоа дека сака Пикси да има убаво сеќавање на детството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top