| четврток, 6 декември 2018 |

Намерно или не, си заработи суспензија од шест месеци (видео)

petros

На дербито во бразилскиот шампионат меѓу Коринтијанс и Сантош фудбалерот на Коринтијанс Петрос го удри главниот судија на натпреварот и потоа од дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Бразил заработи суспензија од шест месеци.
Овој фудбалер се правдаше дека ненамерно го удрил судијата од зад грб. На тоа му претходеше една ситуација во која неговиот соиграч беше спречен од главниот арбитар да дојде до топката.
Бразилската јавност е поделена, но дисиплинската комисија не мислеше така и го казни фудбалерот.
Коринтијанс најави жалба до второстепената комисија на федерацијата на Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top