| четврток, 6 декември 2018 |

Спортска сала и игралиште ќе бидат именувани по убиените во Вевчани

g_vevcaniii5000

Спортската сала и игралиште ќе бидат именувани по убиените во Вевчани. Ваква одлука донесе советот на општина Вевчани на синоќешната седница, едногласно, на предлог на градоначалникот.

Тениското игралиште ќе го носи името „Мате Ѓурчески“, а салата „Владо Попески“,

„Со овој чекор Вевчани им се оддолжува на Ѓурчески и Попески, кои беа пример за генерациите. Ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план, се вели во соопштнието од општината.

Од општината додаваат дека болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадомествлива, а на овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top